Фото: Haqim Ramadani
Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од партијата Вреди, Хаќим Рамадани, кој претходно повика Албанците во вториот круг да настапат обединето и заедно со поддржувачите на ДУИ, денеска го смени тонот.
Откако премиерот Христијан Мицкоски кажа дека ќе го разреши по поразот во Брвеница, Рамадани наеднаш „омекна“ во неговиот став.
„Честа, моралот и достоинството вредат повеќе од која било јавна функција. Работев 17 години во Општина Брвеница – мултиетничка општина, каде што живеат и работат граѓани од сите заедници. Сите што ме познаваат знаат кој сум и каков човек сум. Не ме интересира што велат порталите за кликови и провокации. Нема да ја дадам мојата општина за никаква цена, ќе го заштитам секој жител на мојата општина, без разлика дали е Албанец, Македонец или друг народ што живее во општина Брвеница, напиша Рамадани на Фејсбук.
Фото: Haqim Ramadani
