Фото: Принтскрин
Француските медиуми јавуваат дека две лица се уапсени во врска со голема кражба на скапоцени накити од музејот Лувр во Париз. Според париското обвинителство, еден од осомничените бил приведен во моментот кога се подготвувал да отпатува од аеродромот „Шарл де Гол“.
Настанот, што француската јавност веќе го нарекува „кражба на векот“, предизвика огромен шок – украден е накит вреден околу 88 милиони евра, што ја потресе културната сцена и јавноста.
Кражбата се случила минатата недела, среде бел ден, кога четворица маскирани напаѓачи со електрични алати насилно влегле во зградата на најпосетуваниот музеј во светот. Министерот за правда призна дека безбедносните протоколи „потфрлиле“, оценувајќи дека инцидентот оставил „болна слика“ за заштитата на француското културно наследство.
Обвинителството потврди дека апсењата биле извршени во саботата навечер, без да открие точен број на приведени. Осомничените може да бидат испрашувани до 96 часа, што е законскиот максимум за вакви сериозни кривични дела.
Предистражната постапка открила сериозен пропуст – една од трите простории во кои се случила кражбата немала безбедносни камери, што, според медиумите, им ја олеснило задачата на сторителите.
Според француската полиција, крадците се задржале во музејот само четири минути, по што избегале со два скутери кои ги чекале пред влезот. Настанот завршил во 9:38 часот наутро.
🇫🇷🚨BREAKING: Footage of the heist targeting the Louvre in Paris has now been released.
— Remix News & Views (@RMXnews) October 22, 2025
This is the first time we can see actual video of the "heist of the century."
Here, the thieves escape on a truck-mounted lift before fleeing on a scooter. pic.twitter.com/LsCrAFeziW
