Фото: Принтскрин
Вечерва во Подгорица се случи вистинска драма во населбата Забјело, откако тројца државјани на Турција се забарикадирале во казино лоцирано во комплексот „Вектра“. Според пишувањата на црногорскиот медиум Побједа, инцидентот започнал кога група локални жители се обиделе физички да се пресметаат со нив.
На местото на настанот интервенирала полицијата, при што биле распоредени најмалку пет полициски возила, меѓу кои и два комбина за приведување, како и неколку возила на инспекциски служби.
По повеќечасовна напната состојба, полицијата успеала да приведе двајца од тројцата турски државјани кои се наоѓале во објектот. Акцијата се одвивала паралелно со полициска рација во населбата Забјело, спроведена поради претходен инцидент во кој бил повреден жител на Подгорица со иницијали М.Ј., нешто по полноќ.
