Фото: Принтскрин
Саша Ковачевиќ е во љубовна врска со Зорана Тасовац веќе 10 години, а сега конечно ја запроси.
Пејачот на Инстаграм објави низа заеднички снимки направени во текот на нивната врска, а на една од нив се гледа моментот кога тој клекнува пред Зорана и ја запросува.
Таа, секако, прифатила, а на нејзиниот прст светна вереничкиот прстен. Во коментарите веднаш почнаа да пристигнуваат честитки.
