Фото: Принтскрин
Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски објави видео на социјанлите мрежи на кое може да се забележи акција за чистење на главниот град на Македонија.
„Додека градските власти спијат, ние од раните утрински часови го чистиме градот. Не смееме да дозволиме поради нефункционалноста на ЈП ,,Комунална хигиена” да се загрози здравјето на нашиот народ. За неколку дена од сега, после преземањето на функцијата градоначалник на Скопје – ова ќе биде минато. Го имате мојот збор! Огромно благодарам до општина Куманово, Кавадарци, Илинден, Зелениково, Сопиште и општествено одговорните компании кои помогнаа“, објави Ѓорѓиевски.
