Фото: Принтскрин
Во ноќта меѓу 26 и 27 октомври, точно во 03:00 часот по полноќ, Македонија ќе премине на зимско сметање на времето. Стрелките на часовникот ќе се вратат еден час наназад, па така времето од 03:00 ќе стане 02:00.
Оваа редовна есенска промена, која е дел од европскиот календар, го означува почетокот на периодот со пократки денови и посветли утра.
Со враќањето на стрелките, граѓаните ќе добијат еден дополнителен час сон, но денот ќе завршува порано, бидејќи сонцето ќе заоѓа побрзо.
