Во свечената атмосфера на Кристалната сала во Собранието на Македонија, денес беше одбележано доделувањето на престижната државна награда „23 Октомври“. Ова признание традиционално им се доделува на личности кои со своето животно дело, творештво и ангажман оставиле длабока трага во развојот на македонската култура, наука, образование и во афирмацијата на државните вредности.
Добитници на наградата за 2025 година се актерот Гоце Тодоровски, писателот Александар Кујунџиски, поетот и драмски автор Братислав Ташковски, како и академик Божин Павловски, истакнат писател и публицист.
Државната награда „23 Октомври“ претставува симбол на благодарност и признание за луѓето кои со својата работа ја збогатуваат македонската културна сцена и го потсетуваат општеството на значењето на духовното и историското наследство.
На сите добитници – искрени честитки за заслуженото признание!



