Фото: Ali Ahmeti/Facebook
Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, според информации од албанскиот портал fol.mk, сериозно ја разгледува можноста да се повлече од политичката сцена.
Според извори од партијата, Ахмети веќе ја информирал својата најблиска околина за намерата и се консултирал со партнери од Албанија и Косово.
Се очекува официјалната објава за неговото евентуално повлекување да биде направена по завршувањето на вториот круг од изборите, за да не се влијае на кандидатите на ДУИ кои се натпреваруваат во тие избори.

