Иво Филипче, 18-годишниот син на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, се одлучи да се обиде во трговијата со облека. Според јавно достапни податоци, пред околу еден месец тој ја основал компанијата „Демигод“, која се занимава со продажба на облека на мало, јавува порталот Фактор.мк.
Ивовата продавница треба да се наоѓа на улица Њуделхиска во скопската населба „Млечен ресторан“. Младата надеж на политичката фамилија минатата година ја прослави полнолетноста, а ова лето ја заврши и матурата.


