Фото: Принтскрин
Лидерот на движењето Беса, Билал Касами, во гостување на албанската телевизија „Сири“ истакна дека во пресрет на вториот круг од локалните избори се случува „национално мобилизирање“, а не создавање нова коалиција.
Касами, кој во првиот круг ја обезбеди победата во Тетово со поддршка од коалицискиот партнер во Владата – ВМРО-ДПМНЕ, објасни дека во Кичево движењето ВЛЕН ќе застане зад кандидатот на ДУИ, Фатмир Дехари, наместо зад кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Јовановски.
„Да, секако. Каде што има Албанци во втор круг, ќе ги поддржиме Албанците. Верувам дека и ДУИ ќе го направи истото“, изјави Касами.
