Фото: Принтскрин
Наместо вообичаен подарок, младоженецот од својот кум добил нешто навистина необично – магаре, кое веднаш стана ѕвезда на вечерта. Пејачот ги повикал младенците на средината од салата, најавувајќи им „гостин изненадување“, па сите со нетрпение очекувале што ќе се случи.
Кога наместо музичар во салата влегло магаре, присутните избувнале во смеа и аплаузи. Младенците, изненадени и воодушевени, не можеле да поверуваат каков подарок им подготвил кумот.
Како големи навивачи на Хајдук Сплит, кумот се потрудил изненадувањето да биде во духот на нивната љубов кон клубот – магарето било украсено со шал во боите на Хајдук.
Гостите веднаш се собрале околу необичниот „гостин“, запеале неколку навивачки песни и продолжиле со веселбата во одлична атмосфера.
