Фото: Принтскрин
Бугарскиот претседател Румен Радев побарал поддршка од Унгарија за да се поттикне Македонија да ги спроведе потребните уставни измени. На средбата со унгарскиот претседател Тамаш Сујок, Радев ја повикал Будимпешта да помогне во овој процес.
„Потребно е да ги убедиме нашите соседи дека вклучувањето на Бугарите во Уставот, почитувањето на европските вредности и елиминирањето на сите облици на притисок и дискриминација се клучни чекори за почеток на преговорите со Европската Унија“, изјави Радев.
Радев посочи дека Бугарија поддржува членство во ЕУ на сите од регионот, но тоа треба да зависи од заслуги на секоја држава посебно, како и исполнети обврски на земјите поединечно.
