Фото: Принтскрин
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, изјави дека по локалните избори, на кои СДСМ и ДУИ доживеале тежок пораз, лидерот на СДСМ, Венко Филипче, треба да поднесе оставка од функцијата.
„Македонија е обоена во црвено, ВМРО-ДПМНЕ има голема победа. Продолжуваме со работа за народот“, кажа Николоски.
Николоски смета дека тоа би бил морален и логичен потег на Филипче, по катастрофалните резултати кои ги имаше опозициската партија.
