Фото: Принтскрин
Премиерот на Република Македонија и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одржа прес-конференција по првиот круг од локалните избори за градоначалници и испрати јасна порака.
Мицкоски испрати порака до лидерот на ДУИ, Али Ахмети и му порача дека политиките на национализам и теми за орли и зајци се завршени и испратени во историјата.
„Имам порака за ДУИ. Му кажав на Али Ахмети дека ќе биде непријатно изненаден од резултатите. Ова е денот кога политиките на национализам и теми за орли и зајци се поразени и завршени“, кажа Мицкоски.
