Фото: Принтскрин
Австриските медиуми известуваат за нов случај кој предизвика големо внимание во јавноста – 18-годишно момче со потекло од Македонија повторно е уапсено под сомнение за тероризам. Според пишувањето на весникот Kronen Zeitung, тој и негов пријател со чеченско потекло, кои пред две години беа осудени во судот во градот Лебен поради планирање напад врз средно училиште, повторно се најдоа во притвор.
Двајцата младинци тогаш добија затворски казни поради намерата да воспостават „калифат“ на австриска територија и да извршат насилни напади врз лица со христијанска вероисповед. Еден од нив, денес 17-годишен, бил предвремено пуштен од затвор откако одлежал две третини од казната и, според судските органи, бил вклучен во програми за дерадикализација и психолошка поддршка.
Сепак, и покрај тоа, тој повторно бил уапсен поради сомнение дека планирал вооружен напад. Истражителите откриле дека тинејџерот се обидел да набави полуавтоматски пиштол и побарал пари однапред од познаник за купување на оружјето.
Истрагата сè уште трае, а засега момчето одбива да даде изјава пред властите. Неговиот соучесник, кој во меѓувреме наполнил 18 години, бил уапсен кон крајот на август на македонската граница, при враќање од посета на својата родна земја.
