Фото: Принтскрин
Откако беше објавен датумот за почеток на судскиот процес поврзан со кочанската трагедија, родителите и семејствата на 63-те загинати лица најавија дека привремено ги прекинуваат протестните блокади. Сепак, тие истакнаа дека маршевите што ги одржуваат секоја сабота ќе продолжат, како симбол на нивната истрајност и борба за вистината.
„Ова не е само судење за настанот, туку судење за совеста и одговорноста на сите инволвирани“, порачуваат родителите, додавајќи дека очекуваат правичен, транспарентен и независен процес кој конечно ќе донесе правда за жртвите.
