Фото: Bilall Kasami
Албанија успеа да слави со 1-0 против Србија во Лесковац, по што почнаа прослави и низ неколку македонски градови, а притоа имаше недолични скандирања.
Во Тетово се скандираше „Каурски пи*ки“, „УЧК, УЧК“ и „Умри Србија“, а денеска градоначалникот Биљал Касами даде коментар за тоа.
„Не сум бил дел од такви манифестации поради динамиката на кампањата, но секое извикување против било кого е за осудување и тоа е недолично однесување. За мене е неприфатливо“, вели Касами.
