Фото: Инстаграм/Панчо
Пејачот и еден од основачите на групата ДНК, Владимир Блажев – Панчо, ја загуби битката за живот по седуммесечна херојска борба.
Популарниот музичар, кој беше тешко повреден во трагичниот пожар што избувна во ноќниот клуб „Пулс“ во Кочани, во изминатиот период се лекуваше во приватна клиника.
Од него се збогува и Наум Петрески со кого беа добри пријатели.
„Патувај со светлината таму кај што нема неправди, те чека целата екипа. Таман помислив дека барем ти се извлече од огнената стихија, но не издржа. Премногу болка и физичка и душевна. Ќе ве паметам вечно. Сочувство до фамилијата“, објави Наум.
