Фото: Принтскрин
Вчера попладне во општина Бутел се одиграла вистинска драма, откако бил организиран итен обид за спасување на повозрасен маж кој завршил во коритото на реката Серава.
Според првичните информации, несреќата се случила во делот спроти градските гробишта во Бутел, кога мажот, под засега непознати околности, паднал во реката.
Минувачите кои го забележале инцидентот веднаш повикале помош, по што на терен излегле екипи на полицијата и противпожарната служба за да го извлечат човекот од водата.
