Фото: Принтскрин
Во трговскиот центар „Веро Џамбо“ во Скопје овие денови се случил несреќен инцидент, кога дел од ескалаторот ненадејно се урнал пред очите на бројни посетители.
На социјалните мрежи се појави видео снимка на која јасно се гледа моментот кога металните скали од ескалаторот се распаѓаат и се одвојуваат, предизвикувајќи паника меѓу присутните. Според зборовите на лицето што ја споделило снимката, сè се случило во секунда, без никакви претходни индикации дека ескалаторот има технички проблем.
„Ова е страшно, за жал никаде веќе не сме сигурни. Ова ми се случи денес во Џамбо – одеднаш испукаа скалите на ескалаторот, а јас бев само чекор напред“, пишува граѓанка.
Од трговскиот центар засега нема официјално соопштение во врска со инцидентот.
