Фото: Принтскрин
Караванот на СДСМ синоќа пристигна во Струмица, каде што на градскиот плоштад партијата одржа предизборен митинг пред бројни поддржувачи.
Настанот привлече внимание и по присуството на поранешниот претседател на СДСМ и екс-премиер Зоран Заев, кој им даде поддршка на кандидатите на својата партија.
Струмица со години се смета за едно од најсилните упоришта на социјалдемократите, каде СДСМ речиси две децении ја има локалната власт.

