Фото: Принтскрин
И покрај чудните тврдења на обвинетиот Раде Трајковски – познат под прекарот Штекли – дека комуницира со свој „имагинарен учител“, дека има „змии во главата“ и дека по него наводно трагаат албанската мафија и полицијата, судечкиот совет сепак оцени дека тој е психички стабилен и способен да го следи судскиот процес.
Според мислењето на психијатарката Оливера Суботин Поповска, која сведочеше на рочиштето, Штекли покажува одредени шизоидни црти на личноста, но тоа не претставува психичко нарушување кое би го оневозможило да ја разбира постапката и да учествува во неа.
Судијата нагласи дека вештачењето на психијатарот Ѓорге Ангелковски, кој претходно го прегледал обвинетиот, не е во спротивност со мислењето на Суботин Поповска, бидејќи и тоа не утврдува присуство на трајно ментално заболување.
