Фото: Христијан Мицкоски
На народниот митинг во Росоман, одржан во рамките на локалната изборна кампања под слоганот „Вистинскиот избор! Со твојот човек! За твоето место! За твојата иднина!“, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, порача дека доаѓа време за сумирање на сработеното и зацртување на идните приоритети на владата.
Тој истакна дека граѓаните на претстојните избори ќе избираат меѓу две јасни опции – враќање кон минатото или поддршка на ВМРО-ДПМНЕ и нејзината коалиција, која, како што рече, нуди развој и стабилност за државата.
„Првата е жедта и непромислената желба за власт и втората е патолошката омраза кон ВМРО-ДПМНЕ. Сега, последно коешто го слушнавме од претседателот на СДСМ е тоа дека тие не не мразеле или, да бидам попрецизен, не ме мразеле, туку ме презирале. Што не се изнаслушав на оваа кампања, од тоа што ми испраќаа пораки преку нивните новинари и перјаници дека ќе ме спакувале во куфер, ќе го распарчеле моето тело и ќе го спакувале во куфер“, кажа Мицкоски.
