Фото: Принтскрин
Бојан Јовановски, во јавноста познат како Боки 13, доби затворска казна од пет години за случајот „Меѓународен сојуз“, во кој беше обвинет за измама и перење пари. Иако беше закажано објавувањето на пресудата, Јовановски не се појави во судницата.
Според одлуката на судот, за делото измама му е изречена казна од три години затвор, а за перење пари дополнителни три години. Со спојување на казните, доби единствена казна затвор во траење од пет години.
Во истиот случај, обвинетата Јасна Ерцеговиќ е осудена на две години затвор, додека Христина Блажевска и таткото на Бојан Јовановски добија условни казни, бидејќи беа прогласени за виновни за помагање при перење пари.
