
Фото: Принтскрин
оединетите Американски Држави во изминатите месеци активно ѝ помагаат на Украина во изведувањето на прецизни напади со далекусежни беспилотни летала врз руските енергетски постројки — акција што, според извори од двете страни, претставува координиран обид да се ослабне економската моќ на Москва и да се изнуди дипломатско решение од Владимир Путин.
Според информациите на Financial Times, американските разузнавачки служби со Киев споделуваат податоци за ранливите точки во руската енергетска инфраструктура, што овозможило серија напади врз нафтени рафинерии и други клучни објекти длабоко зад фронтот. Иако Белата куќа во минатото била воздржана во однос на таквите акции, поддршката на Вашингтон се засилила од средината на летото и станала суштинска за украинската кампања.
Како резултат на нападите, Русија се соочила со зголемување на цените на горивата, пад на производството и намалување на извозот на дизел, што ја принудило да започне со увоз на енергенси. Според аналитичарите, ова претставува јасен сигнал дека администрацијата на Доналд Трамп постепено ја продлабочува својата поддршка кон Украина, паралелно со растечкото незадоволство од политиката на Кремљ.
Клучен момент во промената на односите, како што тврдат дипломатски извори, се случил по телефонскиот разговор меѓу Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски во јули. Тогаш американскиот претседател наводно прашал дали Украина би можела да изведе напад врз Москва доколку Вашингтон обезбеди соодветно далекусежно оружје. Извори блиски до разговорот за FT изјавиле дека Трамп ја поддржал стратегијата со која „Русија би ја почувствувала болката“ и би била принудена да седне на преговарачка маса. Од Белата куќа подоцна објаснија дека претседателот „само поставувал прашање“, а не давал директна наредба или поттик за ескалација на конфликтот.
Дел од американските функционери тврдат дека Киев самостојно ги избира целите, додека Вашингтон обезбедува само разузнавачки информации за потенцијалните слаби точки. Сепак, други извори велат дека САД, покрај техничката поддршка, учествуваат и во приоретизирањето на целите, претворајќи ги украинските дронски единици во, како што е опишано, „инструмент на американската стратегија за економско исцрпување на Русија“.
Gasoline crisis in Russia.
— Evgen Istrebin 🇺🇦 (@evgen1232007) August 23, 2025
The situation in Primorsky Krai is getting worse.
In the first video I counted 85 cars in the queue! pic.twitter.com/gWt044YRPi
That’s what I call real sanctions: Ukraine is shutting down Russian oil production (alone!)
— Tymofiy Mylovanov (@Mylovanov) September 16, 2025
Reuters: Transneft warned Russian oil producers they may need to cut output due to Ukrainian drone attacks on export ports and refineries
Zelenskyy calls it sanctions that work faster 1/ pic.twitter.com/UpShFOPfKf