
На новинарско прашање за скандалот со директорот на Неврохирургија, Кузмановски, за кого се појави видео како конзумира дрога, претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, изјави:
„Сметам дека Лекарската комора треба да се вклучи и да направи проценка за тоа колку време се случувало ваквото однесување и дали во таква состојба лекарот можел да пружа соодветна грижа на пациентите. Се работи за сериозно прашање – можеби биле загрозени животи доколку пациентите биле третирани во такви услови. Не сакам да прејудицирам, но ова бара внимателна анализа и проверка од страна на комората“, нагласи Филипче.