Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Тагови

Александар Вучиќ Владимир Путин Володимир Зеленски ДНК Данела Арсовска Доналд Трамп Израел Кочани Македонија Никола Станишиќ Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автомобил грција дискотека доналд трамп донација земјотрес кочани македонија нови сад пари плата пожар полиција помош протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија тепачка тетово трагедија убиство украина црква штип

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

Таткото на загинатиот Мартин Сипковски бара правдa: „Мојот син беше жртва на манипулации“

Gladiator 09/10/2025

Со длабока болка и разочарување, Дејан Сипковски, таткото на трагично загинатиот Мартин Сипковски, го споделува своето неверување и разочарување од медиумските шпекулации за животот на неговиот син. Во својот јавен апел, Дејан Сипковски бара правдата да излезе на површина и да се открие вистината за трагичниот настан што го одзеде животот на 21-годишниот Мартин во Белград. Таткото ја негира поврзаноста на Мартин со било какви криминални дејствија и ги повикува медиумите да ја пренесат вистината со почит и одговорност.


🕊️ СОOПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
(ве молам да се сподели)
Со длабока болка и неверување ја споделувам трагичната вест за смртта на мојот син, Мартин Сипковски, кој загина во експлозија во Белград.
Мартин имаше само 21 година. Беше студент на Факултетот за менаџмент, манекен и поранешен ракометар на РК Вардар — млад човек со многу енергија, големи соништа и надежи за иднината.
Мартин е мој син, син на мојата сопруга Кристина, брат на сестрата Весница. Мартин е внук, братучед, другар, дечко…
За жал, неговиот живот беше прекинат на многу трагичен и неразјаснет начин.
Во јавноста се појавија бројни шпекулации и неточни информации дека Мартин бил поврзан со поставување експлозив. Сакам јавно и одговорно да кажам дека тоа не е вистина!
Мојот син беше бунтовен, како и многу млади луѓе во тие години. Имаше детски и пубертетски грешки, но никогаш не бил насилен човек и никогаш не би одзел туѓ живот. Имаше судири со законот, но никогаш поврзани со тежок криминал.
Мартин беше цела една година во домашен притвор во Македонија, во нашиот дом, во рамки на истрага која од самиот почеток беше сомнителна, бидејќи сите докази укажуваат дека тој воопшто не бил присутен на местото на настанот.
Особено е важно да се нагласи дека Мартин не беше првообвинет во случајот. Под сомнителни околности, подоцна беше вклучен во процесот, иако првообвинетиот одамна е избеган во Белград и не живее во Македонија. Според достапни информации, првообвинетиот има сериозно криминално досие.
Нашето семејство смета дека ваквиот тек на настаните е длабоко неправеден и бара сериозни одговори како и зошто Мартин бил вовлечен во нешто со што немал никаква вистинска поврзаност.
Мартин беше длабоко исплашен и разочаран од пресудата, бидејќи на семејството и нему му беше јасно дека таа не беше оправдана. Тоа го разочара од системот и општеството, и го направи да се чувствува изолирано и неспособен да најде вистинска заштита или правда.
Семејството очекуваше дека со жалбата што ја поднесовме, Мартин ќе биде ослободен, бидејќи немаше конкретни докази против него. Но, пред тоа да се случи, тој замина во Белград — исплашен, збунет и, како што веруваме, измамен и злоупотребен од луѓе кои ја искористиле неговата доверба и страв.
Постојат основани сомнежи дека Мартин бил наведен и наместен, изложен на притисок да побегне во Србија, со лажни ветувања дека подоцна ќе може да замине во трета држава.
Затоа бараме целосна, темелна и објективна истрага, не само од надлежните органи во Србија, туку и од институциите во Македонија. Вистината мора да се открие до крај и да се расчисти секој чекор што довел до оваа трагедија.
Свестен сум дека вистината секогаш има повеќе гледишта — но едно е сигурно: Мартин не беше сторител, туку жртва на околности и манипулации кои го надминале неговото искуство и возраста.
Посебно сакам да упатам апел до медиумите и порталите, особено оние што некритички пренесуваат вести од Србија, да покажат одговорност, човечност и професионалност, и да ја пренесат оваа вест точно, објективно и со почит кон семејството.
Разбирам дека медиумите живеат од читања и кликови, но зад тие наслови стои едно скршено семејство и млада ќерка од 17 години, која ги чита сите тие објави. Ние, како родители, знаеме дека тоа што се пишува не е вистина. Пишувањето без проверка не само што ја нарушува вистината, туку и ја продлабочува болката на сите што изгубиле нешто највредно.
Нашето семејство останува скршено од болка, но решено да се бори за вистината за Мартин. Тоа му го должиме на нему, на неговото име и на неговиот мир, а и на самите себе си.
Со почит,
Дејан Сипковски
Горд татко на Мартин Сипковски

Tags: Македонија

Continue Reading

Previous: (ВИДЕО) Масовна тепачка вечерва на „Гологанов“ – приведени неколку лица
Next: Еве кој новинар денеска полицијата го повика на информативен разговор

Слична содржина

Италија ќе забрани носење бурка или никаб на јавни места

Италија ќе забрани носење бурка или никаб на јавни места

09/10/2025
(ФОТО) Ова е последната фотографија од Халид Бешлиќ од онкологија 

(ФОТО) Ова е последната фотографија од Халид Бешлиќ од онкологија 

09/10/2025
Мицкоски до Филипче: Народот ќе ве порази на изборите, на митинзите нема ниту пратеници, само сте ви двајца со Заев

Мицкоски до Филипче: Народот ќе ве порази на изборите, на митинзите нема ниту пратеници, само сте ви двајца со Заев

09/10/2025

Најново

  • Италија ќе забрани носење бурка или никаб на јавни места
  • (ФОТО) Ова е последната фотографија од Халид Бешлиќ од онкологија 
  • Мицкоски до Филипче: Народот ќе ве порази на изборите, на митинзите нема ниту пратеници, само сте ви двајца со Заев
  • (ВИДЕО) Е ова е хаос! Рекорден сообраќаен метеж во Кина: 120.000 возила и 36 ленти на наплатната рампа
  • Еве кој новинар денеска полицијата го повика на информативен разговор

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

Италија ќе забрани носење бурка или никаб на јавни места

Италија ќе забрани носење бурка или никаб на јавни места

09/10/2025
(ФОТО) Ова е последната фотографија од Халид Бешлиќ од онкологија 

(ФОТО) Ова е последната фотографија од Халид Бешлиќ од онкологија 

09/10/2025
Мицкоски до Филипче: Народот ќе ве порази на изборите, на митинзите нема ниту пратеници, само сте ви двајца со Заев

Мицкоски до Филипче: Народот ќе ве порази на изборите, на митинзите нема ниту пратеници, само сте ви двајца со Заев

09/10/2025
(ВИДЕО) Е ова е хаос! Рекорден сообраќаен метеж во Кина: 120.000 возила и 36 ленти на наплатната рампа

(ВИДЕО) Е ова е хаос! Рекорден сообраќаен метеж во Кина: 120.000 возила и 36 ленти на наплатната рампа

09/10/2025

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • Италија ќе забрани носење бурка или никаб на јавни места
  • (ФОТО) Ова е последната фотографија од Халид Бешлиќ од онкологија 
  • Мицкоски до Филипче: Народот ќе ве порази на изборите, на митинзите нема ниту пратеници, само сте ви двајца со Заев
  • (ВИДЕО) Е ова е хаос! Рекорден сообраќаен метеж во Кина: 120.000 возила и 36 ленти на наплатната рампа
  • Еве кој новинар денеска полицијата го повика на информативен разговор

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2025 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.