
Фото: Билал Касами
Фудбалската федерација на Албанија соопшти дека младиот фудбалер на тетовска Шкендија, Лавдрим Касами доби повик за настап во националниот тим до 19 години.
Албанската У19 селекција на 10 и 12 октомври ќе одигра два контролни меча против својата врсничка селекција од Република Ирска.
Интересно е што ФФА побарала веста за повикот на Касами да не се објавува во јавност пред 6 октомври, поради што клубот и играчот дотогаш останаа воздржани.
„Во екот на кампањата (за локалните избори н.з.), дојдоа прекрасни вести од Тирана кои мене ме направија исклучително среќен. Мојот син Лавдрим, кој игра за Шкендија, доби покана од за настап за албанската У19 репрезентација. Ви благодарам ФАА, честитки Лавдрим“, напиша Биљал Касами.