
Фото: Принтскрин
Во моментов во три области во Бугарија – Бургас, Монтана и Перник – е прогласена вонредна состојба во повеќе општини поради катастрофалните поплави.
Бројот на жртви во туристичкиот комплекс „Елените“ се искачи на три, потврди министерот за внатрешни работи Даниел Митов на прес-конференција во Несебар.
Според информациите, меѓу загинатите е и вработен во „Гранична полиција“ кој учествувал во спасувачките активности по поплавата.
Телото на втората жртва било пронајдено во текот на денот, додека рано утрото беше потврдено дека уште еден маж, кој се наоѓал на своето работно место во подрумот на хотел, загинал откако вода го поплавила објектот.
Поплавите предизвикаа сериозни оштетувања на инфраструктурата, уништени се куќи и патишта, а спасувачките екипи и понатаму работат на евакуација и обезбедување на критичните подрачја.