
Фото: Принтскрин
Во дворот на Полициската станица во Пробиштип денеска беше свечено откриена бистата на полицаецот Тоше Тодоровски, кој трагично го загуби животот во пожарот во некогашната дискотека „Пулс“.
На чинот присуствуваа неговото семејство, роднини, пријатели и колеги, а свое почитување и благодарност за жртвата на Тодоровски изрази и министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, кој заедно со делегација од МВР положи цвеќе пред споменикот.
