
Фото: Принтскрин
Во раните утрински часови, како и претпладне, источните делови на земјата ќе бидат зафатени од нестабилно време со можни локални поројни врнежи и изолирана појава на грмежи.
Потоа следува стабилизирање на временската состојба, па поголемиот дел од денот ќе биде сончев со променлива, односно мала до умерена облачност. Очекувајте умерен, а на места и засилен северен ветер, со поинтензивни удари кои локално можат да достигнат над 60 километри на час.
Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со повремени сончеви интервали. Во текот на денот облачноста постепено ќе се намалува, а северниот ветер ќе биде умерен, а во делови од котлината повремено и засилен.