
Фото: Принтскрин
Од МВР информираа дека околу 15:30 часот на улицата „Кочо Рацин“ било пронајдено женско лице со повреди од остар предмет. Станува збор за 31-годишната Р.К. од Велес, која веднаш била пренесена во болница, но лекарите не успеале да ѝ помогнат и ја констатирале нејзината смрт.
Кратко потоа, во домот на нејзиниот татко, на иста улица, бил пронајден мртoв 68-годишниот К.К., кој исто така имал повреди од нож.
Во истиот дом бил затекнат и И.С. (39) од Скопје, поранешен партнер на починатата жена. Тој имал сериозни повреди од остар предмет, а според првичните сознанија, токму тој е осомничен дека ја нападнал Р.К. и нејзиниот татко, по што се обидел да си одземе живот.
Двете повредени лица биле примени во велешка болница без знаци на живот.
„Во 15:30 часот беше донесена девојка без срцева реакција, без дишење. Беа констатирани шест повреди, нанесени со остар предмет. Беа преземени сите обиди за реанимција, немаше срцева реакција. Вкупната реанимација траеше 45 минути. Сите обиди беа безуспешни. Набргу потоа донесоа нов пациент, момче со убодни рани нанесени од остар предмет, сите во пределот на вратот. И кај него беше констатирано дека нема знаци на живот, дишење и срцева реакција“, кажа дежурниот хирург д-р Петре Кодовски од Општа болница Велес, а пренесе „СДК“.