Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Тагови

Александар Вучиќ Бугарија Владимир Путин Володимир Зеленски ДНК Данела Арсовска Доналд Трамп Израел Кочани Македонија Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автобус автомобил грција дискотека доктор доналд трамп донација земјотрес кочани македонија нови сад пари плата пожар полиција протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија тетово трагедија убиство украина црква штип
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

(Фото) Пратеникот Јанчев немал алкохол во крвта и не возел над дозволеното – малолетникот без кацига и возачка се забил во возилото

Gladiator 14/09/2025

Фото: Политичка партија Левица

Политичката партија Левица реагираше со демант, откако во дел од медиумите се појавиле шпекулации дека пратеникот Сашко Јанчев имал алкохол во крвта и возел над дозволеното.

Пратеникот учествуваше во сообраќајка со малолетник со мотоцикл, по што истиот бил пренесен во болница.

„Во интерес на вистината, а со цел јавноста да има точни и проверени информации, наместо тенденциозни спинови и лажни вести, во продолжение го споделуваме она што досега го знаеме од надлежните органи:

🏍 Сообраќајната несреќа се случила ноќеска по полноќ, при удар на нерегистриран и неисправен моторцикл без светло, управуван од малолетник без возачка дозвола и без заштитна кацига, кој возејќи со неприлагодена брзина на патот, практично се забил во совозачката врата на автомобилот управуван од пратеникот Јанчев, кој во тој момент имал вклучен жмигавец за вртење десно (види слика од лице-место).

Според досегашните информации на очевидци, пратеникот управувал со возилото совесно, согласно сообраќајните правила и прописи, односно со пропишана брзина и НЕ бил под никакво дејство на алкохол (бидејќи Јанчев воопшто не ни пие алкохол)!

🚑 За жал, несреќата се случила за миг и практично не можела да се избегне, по што пратеникот на Левица постапил сосем присебно и одговорно и самиот лично повикал полиција и Брза помош, која на местото на настанот пристигнала дури по 40-на минути.

Во несреќата се повредени пратеникот Јанчев и негов сопатник (едниот со повреди на кичмата, а другиот со потрес на мозокот), како и малолетна сопатничка на возачот на моторциклот. За жал, малолетниот возач на моторциклот е најтешко повреден и е пренесен на болничко лекување.

🙏Изразуваме длабоко жалење за оваа трагична ситуација и упатуваме искрени желби и намери до семејството на повредениот млад човек за негово што побрзо и целосно оздравување. Стоиме на располагање и тука сме за било што, што е потребно во процесот.

Апелираме до младите да бидат одговорни учесници во сообраќајот и секогаш да се придржуваат до правилата, со цел да се избегнат вакви сериозни несакани ситуации во кои страдаат сите инволвирани.

Истовремено, упатуваме јавен повик до Сообраќајната полиција при Министерството за внатрешни работи (МВР), наместо да дава тенденциозни соопштенија, да врши засилени превентивни контроли, особено насочени кон најмладите учесници во сообраќајот, со кои ќе се превенираат опасностите од небрежно возење мотори без соодветна заштитна опрема, на кои сме сведоци секојдневно низ Скопје и низ цела Македонија.

Левица ќе го чека вештачењето и крајот на официјална истрага која ја води Обвинителството, при што ќе продолжи да ја информира јавноста навремено и транспарентно, бидејќи воопшто немаме што да криеме.

Ја повикуваме македонската јавност да не подлегнува на тенденциозни лажни вести и шпекулации од потплатени непрофесионални медиуми, со цел како општество да се справиме со оваа несакана ситуација на граѓански одговорен начин.

На секој евентуален обид за политички местенки или нечесни дејствија со цел користење на случајот како дистракција од катастрофалните политики на власта, а пред сè заради политичката припадност на пратеникот Јанчев, ќе реагираме остро и без задршка.

Ги повикуваме институциите чесно, одговорно и без притисоци да си ја завршат својата работа на крајно професионален начин.

Посакуваме ова никогаш и никому да не му се случи и изразуваме најискрено и длабоко жалење за инцидентот“, објави Левица.

Tags: Левица сообраќајка

Continue Reading

Previous: Министерството за образование со итни мерки за дел од училиштата по пожарот во Трубарево
Next: Зоран и Катерина освоија златни медали на Балкан опен во Атина

Слична содржина

Скопје е гасна комора: Еве како „ЧатГПТ“ би го решил проблемот со аерозагадувањето

Скопје е гасна комора: Еве како „ЧатГПТ“ би го решил проблемот со аерозагадувањето

20/12/2025
(ВИДЕО) Тешка сообраќајка пред патарината Петровец

(ВИДЕО) Тешка сообраќајка пред патарината Петровец

20/12/2025
Беше мајка на четири деца: Почина позната пејачка по тешка борба со рак

Беше мајка на четири деца: Почина позната пејачка по тешка борба со рак

20/12/2025

Најново

  • Скопје е гасна комора: Еве како „ЧатГПТ“ би го решил проблемот со аерозагадувањето
  • (ВИДЕО) Тешка сообраќајка пред патарината Петровец
  • Беше мајка на четири деца: Почина позната пејачка по тешка борба со рак
  • Македонија во тага: Почина познат македонски актер кој беше идол на многу генерации
  • (ФОТО) Голема трагедија ја потресе Македонија: Загина 17-годишниот Доне Димов

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

Скопје е гасна комора: Еве како „ЧатГПТ“ би го решил проблемот со аерозагадувањето

Скопје е гасна комора: Еве како „ЧатГПТ“ би го решил проблемот со аерозагадувањето

20/12/2025
(ВИДЕО) Тешка сообраќајка пред патарината Петровец

(ВИДЕО) Тешка сообраќајка пред патарината Петровец

20/12/2025
Беше мајка на четири деца: Почина позната пејачка по тешка борба со рак

Беше мајка на четири деца: Почина позната пејачка по тешка борба со рак

20/12/2025
Македонија во тага: Почина познат македонски актер кој беше идол на многу генерации

Македонија во тага: Почина познат македонски актер кој беше идол на многу генерации

20/12/2025

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • Скопје е гасна комора: Еве како „ЧатГПТ“ би го решил проблемот со аерозагадувањето
  • (ВИДЕО) Тешка сообраќајка пред патарината Петровец
  • Беше мајка на четири деца: Почина позната пејачка по тешка борба со рак
  • Македонија во тага: Почина познат македонски актер кој беше идол на многу генерации
  • (ФОТО) Голема трагедија ја потресе Македонија: Загина 17-годишниот Доне Димов

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2025 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.