
Фото: Принтскрин
По повеќе од една деценија, железните тараби кои со години го загрдуваа изгледот на централната скопска улица „Македонија“ конечно се отстранети. На нивно место денес гордо стои новоизградената црква „Св. Константин и Елена“, чија изградба започна во 2012 година и траеше цели 13 години.
Со завршувањето на градежните работи, во тек се последните подготовки за свеченото осветување на храмот, кое ќе се одржи на 28 септември. Од Скопската епархија на Македонската православна црква информираат дека светата архиерејска литургија ќе започне во 8:30 часот.
Храмот „Св. Константин и Елена“ е изграден благодарение на донации собрани на специјално организирани конференции, на кои учествуваа политичари, бизнисмени и претставници на црквата. Иако почетната идеја беше изградбата да се реализира побрзо, финансиските пречки и сложените административни процедури доведоа до тоа процесот да се одолговлекува повеќе од една деценија.