
Фото: Gladiator Vesti
Вечерва скопјани повторно се соочија со силен непријатен мирис кој се шири во неколку населби, а според надлежните тоа е резултат на промената на правецот на ветрот што дува од правец на депонијата „Дрисла“ кон градот.
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, изјави дека ситуацијата е под внимателен мониторинг и дека граѓаните не треба да бидат загрижени, иако мирисот е навистина непријатен.
Паралелно, за утре се најавени активности и на просторот на поранешната дива депонија „Вардариште“.

