Фото: Принтскрин
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, откри дека веднаш по трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“ бил подготвен да поднесе оставка од морални причини.
Тој истакна дека само неколку секунди го делеле од таа одлука, но разговорот со таткото на полицаецот од Радовиш, кој ја загуби битката со огнот во кобната вечер, бил пресуден за да остане на функцијата.
„Јас размислував да дадам оставка и бев блиску до тоа. На погребот на полициски службеник, ми пристапи неговиот татко и десетина секунди откако го спуштија телото на неговиот син во земја, ми кажа дека најголема грешка ќе биде да се повлечам. Во тој момент било најлесно да го направам тоа, но и погубно за Македонија. Ми кажа дека очекува од мене максимално да се посветам да го расчистам случајот“, вели Тошковски во интервју за „РСЕ“.
Целото интервју на министерот Тошковски за „РСЕ“ може да го прочитате ТУКА.
