
Фото: Принтскрин
Голем пожар попладнево избувна во фабриката „Мак Прогрес“ во Виница, а во неговото гаснење се вклучени противпожарни екипи од повеќе општини во источниот регион.
Според информациите, огнената стихија била пријавена во 18:36 часот, по што веднаш на терен излегле пожарникари од Виница, Кочани, Штип, Свети Николе и други градови.
Во акцијата активно учествуваат и пожарникарите од Територијалната противпожарна единица Македонска Каменица, кои интервенираат со две возила и тројца пожарникари, како и шест припадници на Доброволното противпожарно друштво САСИ.