
Фото: Принтскрин
Телевизија Кочани објави видео-снимка на која се гледа пожар што денеска избувнал во кругот на фабриката „Макпрогрес“, една од најголемите и најпознати компании во кондиторската индустрија во Македонија.
Засега не се објавени официјални информации за причините што довеле до појавата на огнените јазици, ниту пак за евентуални материјални штети. Надлежните служби се на терен и го гаснат пожарот.
Видео: Televizija Kocani