
Фото: Принтскрин
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека односите на САД со Индија и Русија се доведени во прашање, откако индискиот премиер Нарендра Моди и рускиот лидер Владимир Путин неодамна остварија средба со кинескиот претседател Си Џинпинг.
„Изгледа дека ги изгубивме Индија и Русија од најзатворената, најтемна Кина. Нека имаат долга и просперитетна иднина заедно“, напиша Трамп.