
Македонската пливачка легенда Томи Стефановски денес ќе исплива 16 километри по Охридското Езеро, од Пештани до „Св. Јован Канео“ и назад до охридското пристаниште, со цел да ја подигне свеста за вклучување на лицата со атипичен развој и инвалидитет во спортот.
Настанот се поклопува со 16-годишнината од неговото препливување на Ла Манш (2009), кое траеше 7 часа и 42 минути и останува меѓу најдобрите резултати во историјата на оваа дисциплина. Стефановски порача дека спортот треба да биде место каде секој има еднаква шанса да го достигне својот потенцијал.
Донации на линкот: [ https://drive.google.com/file/d/1C_aMNz0eJGU3niUW_HcTkLsujbMv2erI/view?usp=sharing ]