Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Тагови

Александар Вучиќ Владимир Путин Володимир Зеленски ДНК Данела Арсовска Доналд Трамп Израел Кочани Македонија Никола Станишиќ Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автомобил грција дискотека доналд трамп донација земјотрес кочани македонија нови сад пари плата пожар полиција помош протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија тепачка тетово трагедија убиство украина црква штип

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

Аплицирајте за клима или субвенција за струја – овие лица имаат право, познато кои документи се потребни

Gladiator 12/08/2025

Фото: Принтскрин

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, во рамки на Програмата за заштита на ранливи категории потрошувачи на енергија за 2025 година, распиша јавни огласи со кои ќе обезбеди финансиска поддршка за домаќинствата што спаѓаат во оваа група. Оваа мерка има за цел да им помогне на граѓаните со пониски приходи полесно да ги подмират своите сметки за електрична енергија и да ја зголемат енергетската ефикасност на своите домови.

1. Право на купен и вграден инвертер клима уред со моќност од 3,5 kW и енергетска класа од најмалку А+ 2. Финансиска поддршка за потрошена електрична енергија за лица кои припаѓаат на категоријата ранливи потрошувачи.

Цел на огласот

Огласот има за цел да обезбеди заштита на ранливите потрошувачи кои се наоѓаат во состојба на енергетска сиромаштија, преку унапредување на енергетската ефикасност и подобрување на квалитетот на живеење на домаќинствата кои исполнуваат утврдени критериуми за ниски приходи или се социјално ранливи. 1. Критериуми за доделување на инвертер клима уред.

Категории на домаќинства:

• Домаќинства со ниски приходи, чиј вкупен нето месечен доход во 2024 година не го надминувал: 25.000 денари за едночлено домаќинство,
31.000 денари за домаќинство со два члена
37.000 денари за домаќинство со три члена
43.000 денари за домаќинство со четири и повеќе члена
• Домаќинства во кои единствен приход е пензија, а вкупниот нето месечен доход во 2024 година не го надминувал:

15.700 денари за едночлено домаќинство
19.800 денари за домаќинство со два члена
23.700 денари за домаќинство со три и повеќе члена
Едно лице може да поднесе само едно барање за едно домаќинство.

Правото на инвертер клима уред не може да го остварат домаќинства кои во изминатите 5 години користеле субвенција за набавка на клима уред или печка на пелети, како и оние кои имаат приклучок на систем за централно греење.

Министерството ќе врши мониторинг и контрола на спроведувањето на јавниот оглас и има право да го укине решението доколку се утврдат неправилности или неусогласност со условите од Програмата.

  1. Критериуми за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија

Категории на домаќинства:

Со едно или повеќе лица со тешка или длабока интелектуална попреченост
Со најтешка телесна попреченост
Со потполно слепо лице
Со потполно глуво лице
Едно лице може да поднесе само едно барање за едно домаќинство.

  1. Потребна документација

За доделување на инвертер клима уред:

Пополнетo барањe (обрасци 1 и 2)
Изјава, заверена на нотар
Фотокопија од лична карта на барателот
Фотокопија од лични карти за членовите на домаќинството – за полнолетни лица или изводи од матични книги за малолетни лица во домаќинството, извод од матична книга на венчаните, потврда за развод или посмртница и
Фотокопија од последна сметка за електрична енергија за 2025 година
За доделување на  финансиска поддршка за потрошена електрична енергија:

Пополнето барање (обрасци 1, 2, 3 и 4)
Изјава за веродостојност на податоците, заверена на нотар
Фотокопија од решение за стекнато право на корисник на посебен додаток
Фотокопија од последна сметка за електрична енергија за 2024 година и
Фотокопија од лична карта на барателот и
Фотокопија од лични карти за членовите на домаќинството – за полнолетни лица или изводи од матични книги за малолетни лица во домаќинството, извод од матична книга на венчаните, потврда за развод или посмртница и
 4. Начин на доставување на документацијата

Обрасците и изјавата се достапни на веб-страницата на Министерството, во делот Јавни огласи. Документацијата се доставува по пошта или лично на адреса:

ул. „Македонија“ бр. 27 – 1000 Скопје.

Контакт телефони: 071 319 074; 070 381 162;

Е-пошта: ranlivipotrosuvaci@energy.gov.mk

  1. Рокови за аплицирање

• За доделување на инвертер клима уред – рокот за аплицирање е 60 дена од денот на објавување на јавниот оглас, односно до 5 октомври 2025 година.

• За финансиска поддршка за потрошена електрична енергија – рокот за аплицирање е 30 дена од денот на објавување на јавниот оглас, односно до крајот на август 2025 година.

Continue Reading

Previous: Писателот Јованоски: Не фрлајте отров по охриѓани, за 2 големи пици, хајнекен и тиквеш винце платив 1.200 денари
Next: Приведени двајца малолетници и две женски лица за престрелката во Тетово

Слична содржина

(Видео) „Бог нека е напомош“: Нови снимки од катастрофалните поплави во Бугарија

(Видео) „Бог нека е напомош“: Нови снимки од катастрофалните поплави во Бугарија

03/10/2025
(Видео) САД извршија моќен напад – се претвори сè во оган и чад

(Видео) САД извршија моќен напад – се претвори сè во оган и чад

03/10/2025
(Видео) Библиски потоп во Бугарија: Уништени се куќи и патишта, има и загинати

(Видео) Библиски потоп во Бугарија: Уништени се куќи и патишта, има и загинати

03/10/2025

Најново

  • (Видео) „Бог нека е напомош“: Нови снимки од катастрофалните поплави во Бугарија
  • (Видео) САД извршија моќен напад – се претвори сè во оган и чад
  • (Видео) Библиски потоп во Бугарија: Уништени се куќи и патишта, има и загинати
  • (Видео) Тешка сообраќајка со повеќе возила во Скопје
  • Трамп со ултиматум до Хамас – или договор со Израел или „пекол“ за Газа

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

(Видео) „Бог нека е напомош“: Нови снимки од катастрофалните поплави во Бугарија

(Видео) „Бог нека е напомош“: Нови снимки од катастрофалните поплави во Бугарија

03/10/2025
(Видео) САД извршија моќен напад – се претвори сè во оган и чад

(Видео) САД извршија моќен напад – се претвори сè во оган и чад

03/10/2025
(Видео) Библиски потоп во Бугарија: Уништени се куќи и патишта, има и загинати

(Видео) Библиски потоп во Бугарија: Уништени се куќи и патишта, има и загинати

03/10/2025
(Видео) Тешка сообраќајка со повеќе возила во Скопје

(Видео) Тешка сообраќајка со повеќе возила во Скопје

03/10/2025

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • (Видео) „Бог нека е напомош“: Нови снимки од катастрофалните поплави во Бугарија
  • (Видео) САД извршија моќен напад – се претвори сè во оган и чад
  • (Видео) Библиски потоп во Бугарија: Уништени се куќи и патишта, има и загинати
  • (Видео) Тешка сообраќајка со повеќе возила во Скопје
  • Трамп со ултиматум до Хамас – или договор со Израел или „пекол“ за Газа

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2025 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.