
Фото: Принтскрин
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци изврши увид во куќа каде што било пронајдено тело на починат маж на возраст од 42 години, соопштуваат од обвинителството.
„Телото било пронајдено покриено со земја и предмети во помошни простории, што првично упатува дека смртта е резултат на кривично дело. Семејството се обидувало неколку дена да го лоцира сега починатиот, кој живеел сам. Од лице место подигнати се траги и материјални докази кои ќе бидат предмет на вештачење. Се издаваат наредби и насоки за откривање на сторител“, се додава во соопштението.