
Фото: Принтскрин
Демир Хисар денес е обвиен со тага поради трагичната загуба на младата ученичка Теодора Бабарчиќ, чие заминување прерано го потресе целото градче. Тагата и неверувањето се чувствуваат на секој чекор, особено меѓу наставниците, соучениците и пријателите.
СОУ „Крсте Петков Мисирков“ преку трогателна порака на социјалните мрежи се прости од Теодора, изразувајќи искрено сочувство и поддршка до нејзиното семејство.
