
Фото: Принтскрин
Тешка сообраќајна несреќа се случи денеска околу 16 часот на автопатот Тетово–Скопје, во близина на клучката „Север“, при што животот го загубија три лица. Во несреќата учествувале патнички автомобил од марката „Опел Астра“ со тетовски регистарски таблички и автобус „Ман“ со скопски регистарции.
Според информациите од МВР, во трагичната несреќа животот го загубиле 59-годишниот возач на автомобилот, Т.И., како и неговите сопатнички И.И. (55) и З.М. (71), сите жители на Тетово. Во автомобилот се наоѓало и четврто лице, Р.И., кое се здобило со повреди и е префрлено на лекување во Клиничката болница во Тетово, каде ќе биде задржано на дополнителна опсервација.
Автобусот со кој се судрил автомобилот го управувал 62-годишниот Ш.Д., исто така од Тетово. Засега нема информации за евентуални повреди кај возачот на автобусот или други патници.