
Фото: Принтскрин
Премиерот Христијан Мицкоски остро ја критикуваше политичката стратегија на Арбен Таравари и неговото движење, посочувајќи дека, иако формално се декларираат како опозиција, на терен всушност дејствуваат во корист на ДУИ.
„Ви ја знам стратегијата, ‘немој каурите да ни бираат градоначалник’, знам што правите, ова е 21 век, не е 19 век. Ова е држава на сите, на Македонците, Албанците, Турците, Србите итн“, кажа Мицкоски.