Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Тагови

Александар Вучиќ Владимир Путин Володимир Зеленски ДНК Данела Арсовска Доналд Трамп Израел Кочани Македонија Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автобус автомобил грција дискотека доктор донација земјотрес кочани македонија нови сад пари плата пожар полиција помош протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија тепачка тетово трагедија убиство украина црква штип
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

Овие граѓани ќе добиваат помош од 1.000 денари месечно за струја

Gladiator 31/07/2025

Фото: Принтскрин

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини објави дека Владата ја одобрила новата Програма за заштита на енергетски ранливите категории на граѓани за 2025 година. Преку оваа програма, од државниот буџет ќе се издвојат 42,3 милиони денари со цел обезбедување директна финансиска поддршка за домаќинства кои се соочуваат со енергетска сиромаштија.

„Програмата има за цел да обезбеди достапна и сигурна енергија за оние на кои им е најпотребна. Средствата се наменети за директна финансиска поддршка за домаќинства што живеат во енергетска сиромаштија, со особен фокус на лицата со попреченост и оние кои користат гарантирана минимална помош.

Корисници на оваа програма се домаќинствата кои остваруваат паричен додаток заради покривање на дел од трошоците за потрошувачка на енергенси, како и домаќинства во кои живеат лица со тешка или длабока интелектуална попреченост, најтешка телесна попреченост, потполно слепи или потполно глуви лица. За оваа втора категорија, Програмата предвидува месечна поддршка во висина од 1.000 денари, што директно ќе се одбива од фактурите за потрошена електрична енергија, почнувајќи од месецот на поднесување на барањето, во времетраење од 12 месеци. Финансиската поддршка ќе се доделува според принципот најниски приходи, се до исцрпување на средствата и тоа:

-2. 300. 000,00 денари од вкупните средствата ќе бидат наменети за домаќинства во кое живее лице/лица со тешка или длабока интелектуална попреченост,

– 19. 000. 000,00 денари од вкупните средствата ќе бидат наменети за домаќинства во кое живее лице/лица со најтешка телесна попреченост,

– 9.000.000,00 денари од вкупните средства ќе бидат наменети за домаќинства во кое живее потполно слепо лице и

– 12. 000. 000,00 денари од вкупните средствата ќе бидат наменети за домаќинства во кое живее потполно глуво лице.

Заинтересираните граѓани ќе можат да аплицираат преку јавен оглас кој ќе биде објавен на веб-страницата на Министерството за енергетика (www.energy.gov.mk) и во два дневни весници. Огласот ќе биде со рок за пријавување од 30 дена. Образецот за пријава ќе биде достапен на интернет, како и во архивата на Министерството, а апликантите ќе треба да приложат и документи со кои ја докажуваат исполнетоста на условите за финансиска поддршка“, се вели во соопштението кое може да се прочита ТУКА.

Tags: пари помош струја

Continue Reading

Previous: Голема измама: 250.000 евра собрани за непостоечко дете, реагираше и д-р Лазаров
Next: (Видео) Силно невреме го погоди Халкидики – поплавени се улици

Најново

  • Милица по драмата со венчаниот маж: Поради стресот од породувањето, го загубив…
  • (ФОТО) Еве што правела убиената жена деновите пред злосторството што се случи утрово!
  • (ВИДЕО) Акцијата на полицијата продолжува: Запленети биле околу 40 тони марихуана
  • (ВИДЕО) Мицкоски со јасен одговор кон грчки новинар: Мојата земја Македонија припаѓа на Европа
  • (ФОТО) Шокантно откритие: Еве кој е оженетиот татко на детето на Милица Тодоровиќ!

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

Милица по драмата со венчаниот маж: Поради стресот од породувањето, го загубив…

Милица по драмата со венчаниот маж: Поради стресот од породувањето, го загубив…

06/02/2026
(ФОТО) Еве што правела убиената жена деновите пред злосторството што се случи утрово!

(ФОТО) Еве што правела убиената жена деновите пред злосторството што се случи утрово!

06/02/2026
(ВИДЕО) Акцијата на полицијата продолжува: Запленети биле околу 40 тони марихуана

(ВИДЕО) Акцијата на полицијата продолжува: Запленети биле околу 40 тони марихуана

06/02/2026
(ВИДЕО) Мицкоски со јасен одговор кон грчки новинар: Мојата земја Македонија припаѓа на Европа

(ВИДЕО) Мицкоски со јасен одговор кон грчки новинар: Мојата земја Македонија припаѓа на Европа

06/02/2026

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • Милица по драмата со венчаниот маж: Поради стресот од породувањето, го загубив…
  • (ФОТО) Еве што правела убиената жена деновите пред злосторството што се случи утрово!
  • (ВИДЕО) Акцијата на полицијата продолжува: Запленети биле околу 40 тони марихуана
  • (ВИДЕО) Мицкоски со јасен одговор кон грчки новинар: Мојата земја Македонија припаѓа на Европа
  • (ФОТО) Шокантно откритие: Еве кој е оженетиот татко на детето на Милица Тодоровиќ!

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2026 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.