
Фото: Принтскрин
Еден корисник на Инстаграм сподели што му се случило во Гевгелија, каде што ја промашил улицата и влегол во еднонасочна.
„Патував во понеделникот, одмор во Гевгелија, одиме на ручек, промашив една улица и влегов во еднонасочна. Секако полиција стои и чека пациенти како мене, ме запре, човекот културно ми кажа дека е еднонасочна улица. Им реков дека и јас сега знам, по што ме прашаа каде ќе одам, им кажав дека барам ресторан и не можам да го најдам. Тие ми кажаа да возам по нив и ме однесоа до ресторанот. Има уште добри луѓе…“, пишува Србинот.
