
Фото: Принтскрин
Неколкумина од повредените лица, кои беа прегазени во инцидентот, се наоѓаат во критична здравствена состојба, додека други се со сериозни повреди и под медицински надзор.
На видеоснимки објавени од американски медиуми се гледа моментот кога група граѓани, очевидно револтирани, го извлекуваат возачот од возилото и физички се пресметуваат со него.
Засега не се објавени официјални информации за состојбата на возачот, ниту пак е познат евентуалниот мотив зад инцидентот.
Видеото е со чувствителна содржина и може на своја одговорност да се погледне ТУКА.