
Фото: Принтскрин
Во текот на 15 јуни, на периферијата на Ниш, беснееше голем пожар кој зафатил сува трева, ниска трева и дива депонија. Во моментот кога ситуацијата изгледаше најмрачно, дојде до неверојатен момент што ги остави без зборови дури и професионалците.
Срѓан Михајловиќ, командир на екипа од Нишката пожарникарско-спасувачка бригада, раскажува дека, додека се бореле со пламенот, имал необично чувство – „како нешто ме повлече“ кон предмет кој лежел меѓу пожарот.
Го подигнал и пред неговите очи се појавила икона на Пресвета Богородица, сосема недопрена во катастрофалната состојба околу неа.