
Фото: Принтскрин
Трагичен настан го потресе кривопаланечкиот регион, откако денеска полициски службеници од ОВР Крива Паланка пронајдоа починато лице во близина на активен пожар во атарот на селото Лозаново.
„Денеска (09.07.2025) од страна на полициски службеници од ОВР Крива Паланка во близина на пожар во с. Лозаново, кривопаланечко било пронајдено починато лице“, велат од МВР.
Во присуство на јавен обвинител се врши увид.